Путин не успеа да постигне договор со Белорусија

775
ФОТО: EPA / YURI KOCHETKOV

Средбата на рускиот претседател Владимир Путин со неговиот белоруски колега, Александар Лукашенко денеска заврши без договор за решение на енергетскиот спор што се заканува на нивниот традиционално близок однос.

– Одлучивме да го продолжиме овој разговор не еден на еден, туку и со оние кои се вклучени во овој процес – истакна Лукашенко по средбата во рускиот град Сочи, се наведува во соопштението од неговата Кабинет.

Во последните неколку недели, Лукашенко ја обвини Русија, најголемиот сојузник на неговата земја, дека премногу ја наплаќа нафтата и не го почитува договор за снабдување со тој енергенс.

Руските државни медиуми објавија дека делегацијата со министерот за енергетика Александар Новак не успеала да се состане поради лошите временски услови.

За време на средбата, Путин му се извини на Лукашенко за отсуството на руската делегација.

Лукашенко пристигна во Сочи еден ден порано, по состанокот со белоруските претставници за енергетика, за време на кој истакна дека Русија не успеала да ја испорача договорената количина на енергенси минатиот месец.

Москва се согласи да испрати два милиони тони нафта во Белорусија и „во јануари тие испратија само 500 илјади тони, или една четвртина, наведе Лукашенко.

Американскиот државен секретар Мајк Помпео минатата недела, на турнеја низ неколку поранешни советски републики, и понуди на Белорусија снабдување со американски енергенси.

Помпео е највисок американски официјален претставник што ја посетил Белорусија по повеќе децении.

ФОТО: EPA / YURI KOCHETKOV

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...