Путин: Не нè радува ширењето на НАТО кон границите на Русија

164

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека ширењето на НАТО кон границите на Русија не ја весели Москва.

– Тоа е воен блок и кога нејзините инфраструктурни објекти се шират до нашите граници, тоа не нè прави среќни, рече Путн во интервјуто за Раша Тудеј и Скај њуз Арабија.

Како што рече, Русија на тоа го гледа како на  закана, иако НАТО се обидува да ја убеди Русија дека не претставува закана.

– Отсекогаш сме го чувствувале тоа и повеќепати сме им го кажале тоа, но тие постојано одговараа: Не плашете се, тоа не е против вас, нема потреба да се плашите. НАТО се трансформира, таа веќе не е воена организација, не е агресивна, рече Путин.

Затоа, додаде Путин, Русија ќе продолжи да работи на подобрување на своето оружје за да одговори на каква било форма на агресија.

– Русија има најсовремено оружје што никој во светот го нема, потенцираше Путин.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...