Путин: Нема тензии на Арктикот, иако НАТО таму има големи вежби

Путин истакна дека НАТО спровел големи воени вежби во тој регион, додека Русија никогаш не практикува вежбите од тој дел на Арктикот.

119
ФОТО: EPA/PAVEL GOLOVKIN

Нема воени тензии на Арктикот, иако НАТО спроведува големи воени вежби во регионот, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин, во одговор на прашањето на меѓународниот форум за Арктикот во Санкт Петербург.

– Не гледам никаква специфична воена напнатост на Арктикот, таму неа ја нема – рече рускиот лидер во одговор до модераторот.

Путин истакна дека НАТО спровел големи воени вежби во тој регион, додека Русија никогаш не практикува вежбите од тој дел на Арктикот.

Фото: EPA/PAVEL GOLOVKIN

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...