Путин: Нападот на Крим е резултат на глобализацијата, сѐ почна во САД

322
ФОТО: EPA/PAVEL GOLOVKIN

Трагедијата на Политехничкиот колеџ во кримскиот град Керч, помеѓу другото, е резултат на глобализацијата преку социјалните мрежи и интернетот, со многу штетни содржини за младите луѓе, изјави рускиот претседател Владимир Путин, еден ден по нападот при што загинаа 21 лице, а 44 се повредени.

– Вчерашната трагедија очигледно е резултат на глобализацијата, помеѓу другото, колку чудно да изгледа тоа. На социјалните мрежи и на интернет гледаме како таму се формираат заедници. Сѐ почна со добро познатите трагични настани во училиштата во САД – посочи Путин.

Во меѓувреме, кримските власти ја испитуваат можноста дека напаѓачот имал соучесници.

Иако првично беше објавено дека 18-годишниот Владислав Росљаков сам го извршил нападот, властите веруваат дека некој му помагал во подготовките.

Росљаков вчера влезе во колеџот и почна да пука врз присутните, а потоа се самоуби. Случајот се води како масовно убиство, а не тероризам.

ФОТО: EPA/PAVEL GOLOVKIN

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...