Путин му честиташе Нова година на Трамп и го покани во Москва

230

Рускиот претседател Владимир Путин денеска испрати новогодишна честитка до американскиот претседател Доналд Трамп, во кој повторно го повика во мај следната година да присуствува на 75-годишнината од победата на Советскиот сојуз во Втората светска војна, соопшти Кремљ.

Во честитката на Путин се истакнува дека Русија и САД имаат историска одговорност да осигураат безбедност и стабилност во светот, како и оти Москва заговара нормализација на билатералните односи и воспоставување на на рамноправен дијалог заснован на меѓусебно почитување на интересите.

Путин испрати честитка и до канадскиот премиер Џастин Трудо во која изрази уверување дека развивањето на конструктивна, билатерална соработка во бројни области, како и взаемното почитување во целост, се во интерес на народот на Русија и на Кина.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...