Путин како Индијана Џонс ФОТО/ВИДЕО

461

Рускиот претседател Владимир Путин се впуштил во уште една авантура во Сибир, објави неговиот кабинет во понеделникот, проследувајќи ја информацијата со фотографии на кои се гледа како Путин планинари и плови по реката, пишува „Слободен печат“.

На фотографиите Путин во адекватна облека планинари со ранец на грбот, плови по реката Енисеј и ѝ се восхитува на природата во друштво на министерот за одбрана Сергеј Шојгу. Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков рекол за „Интерфакс“ дека Путин минатиот викенд бил во Тува во друштво на Шојгу и шефот на разузнавачката служба Александар Бортников. Шојгу е по потекло од Тува и често го канел претседателот во тој крај.

Фотографиите од одморите на Путин се славни. Претходните години беа објавувани фотографии од Путин со голо торзо како јава, лови риби, се дружи со тигри или се сонча.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...