Рускиот претседател Владмир Путин и американскиот потпретседател Мајк Пенс денеска се ракуваа на свечената вечера за учесниците на Самитот на Асоцијацијата на државите од Југоисточна Азија, што се одржува во Сингапур.
– Тие се ракуваа – изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, одговарајќи на новинарско прашање дали на маргините на форумот во Сингапур имало разговори меѓу Путин и Пенс.
Песков нагласи дека „не е толку неопходен“ разговор меѓу Путин и Пенс, имајќи предвид дека се подготвува средба на шефот на руската држава со американскиот претседател Доналд Трамп на Самитот на Г-20, што кон крајот на овој месец ќе се одржи во Аргентина.
На средбата на лидерите на членките на АСЕАН утре ќе им се приклучат и Путин, Пенс, јапонскиот премиер Шинѕо Абе и високи претставници на Кина и Јужна Кореја.