Путин е човечен, сака деца, а мечките се плашат од него

102
ФОТО: EPA-EFE/ALEXEI DRUZHININ

Државната руска телевизија почна да објавува нова програма посветена на активностите на рускиот претседател Владимир Путин, во која лидерот на Русија се величи во секоја смисла.

Во премиерата на емисијата „Москва. Кремљ. Путин“, еден час било раскажувано како Владимир Путин е многу човечен човек, дека тој многу сака деца, а внимание било посветено и на неговата „совршена форма“.

Исто така, бил посочено дека дури и мечките му се плашат, толку што во негово присуство се однесуваат културно.

Дмитри Песков, гостинот во премиерната епизода, инаку портпарол на Кремљ, раскажал дека Путин плива по еден километар секој ден, на што водителот се надоврзал дека Путин „има многу човечен став кон децата, а тоа е нешто што не може да се глуми“.

– Путин не само што сака деца, тој ги сака луѓето воопшто. Тој е многу хуман човек – додал Песков.

Првата епизода од новото шоу за Путин се емитуваше откако илјадници Руси излегоа да протестираат по улиците заради непопуларните пензиски реформи, кои исто така резултираа и со рекорден пад на рејтингот на претседателот.

ФОТО: EPA-EFE/ALEXEI DRUZHININ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...