Путин: Ердоган е заслужен за сѐ подобрите руско-турски односи

60
EPA /TURKISH PRESIDENTIAL PRESS OFFIC

Рускиот претседател, Владимир Путин, денеска оцени дека подобрувањето на односите меѓу Русија и Турција е лична заслуга на неговиот турски колега Реџеп Тајип Ердоган, кој, според него, вложува голем труд и енергија за нивно унапредување.

На средбата со Ердоган во Москва, Путин изјави дека нивните редовни состаноци дале позитивни резултатите и во билатералната соработка, што, како што нагласи, го потврдува и фактот дека за десет месеци во 2018 година вкупната трговска размена меѓу двете земји била поголема отколку во цела 2017 година.

Путин додаде дека Москва и Анкара продолжуваат со имплементација на главните билатерални проекти и интензивно соработуваат при регионалните безбедносни прашања и барањето решенија за сириската криза.

Еродган од своја страна истакна дека добрите односи меѓу Русија и Турција позитивно влијаат на безбедноста на Блискиот Исток и најави зајакнување на билатералната соработка во повеќе сфери, вклучително и во одбраната, културата и економијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...