Путин го разреши јавниот обвинител и именува нов

105
epaselect epa08081306 Russian President Vladimir Putin gestures as he speaks during his annual news conference with Russian and foreign media at the World Trade Center in Moscow, Russia, 19 December 2019. A total of 1,895 journalists were accredited for Putin's annual news conference. EPA-EFE/MAXIM SHIPENKOV

Рускиот претседател Владимир Путин предложи разрешување на јавниот обвинител Јуриј Чајка и го именуваше заменик шефот на Истражниот комитет Игор Краснов за кандидат на таа функција, соопшти денеска прес службата на Кремљ.

Путин ја поднесе на разгледување до Советот на Федерацијата кандидатурата на заменик шефот на Истражниот комитет Игор Краснов за функцијата руски јавен обвинител, а исто така и предлог да се разреши од должноста Чајка поради префрлање на друга позиција.

Чајка (68) работеше како јавен обвинител од 2006 година. Краснов (44) беше задолжен за Главното одделение за истрага на посебно важни случаи и Главниот истражен оддел. Тој работеше во Обвинителството од 1997 година. Од 2007 година Краснов почна да работи како висок истражител на новоформираниот Истражен комитет, а во април 2016 година е поставен за заменик шеф на Истражниот комитет.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...