Путин ова го изјави на меѓународен форум во Санкт Петербург во присуство на неговиот кинески колега, Си Џинпинг.
– Во некои кругови, ова веќе се нарекува прва технолошка војна на дигиталната ера – рече Путин.
Тој истакна дека соработката меѓу Русија и Кина е важна за глобалната безбедност. Рускиот претседател, исто така, нагласи дека Москва е отворена за соработка со сите земји, вклучувајќи ги и САД.
Путин го обвини Вашингтон за „неконтролиран економски егоизам”, издвојувајќи ги американските напори за спречување на рускиот гасовод до Европа и американската кампања за да ги убедат земјите да го забранат Хуавеј.
Хуавеј е на мета на американскиот претседател Доналд Трамп, кој во мај им забрани американските компании да продаваат опрема на таа кинеска група, која ја сомничи за шпионажа во корист на Пекинг.
Одлуката на САД треба да стапи во сила во рок од три месеци, а експертите предупредуваат дека тоа го загрозува опстанокот на овој кинески техно-индустриски гигант, кој зависи од американските електронски чипови што ги вградува во своите телефони. Поради тоа, многу компании се откажуваат од соработка со Хуавеј, а меѓу првите тоа го стори Гугл.
Хуавеј во Русија веќе договори развој на мрежа за 5Г, откако во средата потпиша договор со рускиот мобилен оператор МТС.
– Обидите да се монополизира новиот технолошки бран и да се ограничи пристапот го поставува проблемот на глобалната нееднаквост на едно ново ниво – изјави синоќа Путин. Според него, тоа ќе биде „голем извор на нестабилност во светот”.
Генералниот секретар на ООН, Антонио Гутереш, кој исто така учествува на бизнис-форумот во Питербур, истакна дека е важно да се спречи влезот на САД и Кина во нова студена војна.
ФОТО: EPA / VALERIY SHARIFULIN / SPUTNIK / K