Путин главна фаца на свадбата на австриската министерка (ВИДЕО)

1661

Австриска шефица на дипломатијата, Карин Кнајсел денеска го кажа судбоносното „да“ на бизнисменот Волфганг Мајлингер во романтична атмосфера, среде лозја и винарии во Штаерска.

На свадбата беа присутни првите луѓе на австриската влада , предводени од канцеларот Себастијан Курц.

Најголемо внимание предизвика рускиот претседател Владимир Путин, чие доаѓање на свадбата беше проблематизирано од некои од престставниците на ЕУ.

Поради важните гости, целиот регион беше прекриен со обезбедување. Путин, како свадбен подарок и донесе голем букет цвеќиња како и ансамбл со Козаци за забава на гостите .

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...