Путин-Вучиќ: Состојбата на Балканот е многу сложена

192
Photo: EPA / YURI KADOBNOV POOL

Српскиот претседател Александар Вучиќ, на стратот на денешната средба со рускиот претседател Владимир Путин, изјави дека се уште е далеку решението за спорот за Косово.

– Состојбата на западниот Балкан е многу сложена. Србија, како држава, секојдневно се соочува со бројни провокации. И покрај нашите напори да постигнеме компромис и да го поддржиме мирот и стабилноста, многу сме далеку од какво било решение за Косово и Метохија – изјави Вучиќ.

Тој додаде дека секогаш му е чест да се сретне со рускиот претседател Путин и дека денешната средба ќе има големо значење за Србија.

Вучиќ потенцира дека Србија останува посветена на принципот на воена неутралност, односно дека нема да бара членство во НАТО.

– Сакам да ја изразам и мојата голема благодарност до вас, претседателе, за цврстиот став што го имате во врска со заштитата на меѓународното право и на животни важните национални и државни интереси на Србија – му порача Вучиќ на Путин, кого го покани да го посети Белград.

Рускиот претседател изрази задоволство од посетата на Вучиќ и додаде дека „сигурно ќе имаме за што да разговараме во врска со состојбата во регионот“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...