Путин во јули кај папата Франциско во Ватикан

66
ФОТО: EPA / ALEXEY NIKOLSKY / SPUTNIK / KREM

Папата Франциско на 4 јули ќе го прими рускиот претседател Владимир Путин, потврди денеска портпаролот на Ватикан, Алесандро Гисоти.

– Ќе се сретнат во Ватикан, рече Гисоти.

Кабинетот на рускиот претседател претходно потврди дека Путин планира официјална посета на Италија и дека ќе се сретне со папата Франциско, но дека датумот не е потврден.

Во април портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека Путин планира ова лето да ја посети Италија, додека италијанскиот амбасадор во Москва, Паскал Терачијано рече дека посетата на Путин се очекува во јули.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...