Путин: Военото присуство на САД во Сирија е незаконско, потегот на Трамп е правилен

77
ФОТО: EPA/PAVEL GOLOVKIN

Рускиот претседател Владимир Путин ја поздрави одлуката на својот американски колега Доналд Трамп да ги повлече своите војници од Сирија.

Тој го оцени таквиот потег како правилен, истакувајќи го повторно рускиот аргумент дека военото присуство на САД во Сирија е незаконско, бидејќи не е дозволено од Советот за безбедност на ОН или од сириската Влада.

– Останува да се види дали САД ќе го исполнат својот план – нагласи Путин, потсетувајќи дека Вашингтон повеќе пати ветувал дека ќе го повлече својот контингент од Авганистан, па и понатаму е таму веќе 17 години.

Рускиот претседател се согласи со оценката на Трамп дека џихадистичката група Исламска држава е целосно поразена во Сирија.

Путин предупреди за опасност терористите да се префрлат од Сирија во други земји во соседни региони, како на пример во Авганистан. Тој потврди дека Русија ќе ја зајакне својата база во Таџикистан додека ситуацијата во Авганистан не биде решена.

ФОТО: EPA/PAVEL GOLOVKIN

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...