Рускиот претседател, Владимир Путин, ќе побара од американскиот советник за национална безбедност, Џон Болтон, објаснување за најавата на Вашингтон за повлекување од Договорот за уништување и забрана на производство на проектили со кус и среден дострел (ИНФ). Тоа денеска го соопшти портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Путин ќе оствари средба со Болтон, кој денеска ќе допатува во Москва.
-Ова би бил многу опасен чекор – изјави заменик-министерот за одбрана, Сергеј Рјабков. Русија бара од меѓународната заедница да го осуди потегот.
Берлин се изјасни дека е против, додека Лондон го поддржа Вашингтон во најавата за повлекување од Договорот.
Американскиот претседател, Доналд Трамп, синоќа соопшти дека САД ќе се повлечат од Договорот за уништување и забрана на производство на проектили со кус и среден дострел, затоа што, како што рече, Москва ја прекршува спогодбата.