Рускиот претседател Владимир Путин изјави денеска дека ако САД одлучат да се повлечат од Договорот за нуклеарните сили од среден дострел, Русија ќе мора да одговори на ист начин и ќе го направи тоа брзо и ефикасно.
– Ако САД се повлечат од договорот, главно прашање е што ќе се прави со тие нови ракети. Ако ги испорачаат во Европа нашиот одговор природно ќе биде еднаков на тоа – изјави Путин.
Тој додаде дека би сакал да разговара со Трамп за тој договор на претстојниот самит во Париз на 11 ноември.
ФОТО: EPA/PAVEL GOLOVKIN