Путин: Ако без дозвола одите на протест, ќе ви бричат глави во затвор

Неколку демонстранти во Русија кои присуствувале на протести кои немале дозвола веќе се осудени на казна затвор од пет години.

953
ФОТО: EPA/PAVEL GOLOVKIN

Рускиот претседател Владимир Путин оцени дека оние кои одат на недозволени протести треба да бидат подготвени да „дремат“ во затвор и да им бидат избричени главите при доаѓањето во таква установа.

– Ако не сте добиле дозвола за протест, а сепак протестирате, тогаш ве молам да одите на бричење во затвор – рекол Путин, додавајќи „малку да се одморите и опуштите таму“.

Неколку демонстранти во Русија кои присуствувале на протести кои немале дозвола веќе се осудени на казна затвор од пет години. Претставниците на опозицијата постојано повторуваат дека во Русија е многу тешко да се добие дозвола за организирање протест.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...