Пустош оставаат пожарите во Амазонија зад себе. Пламените јазици почнаа да се гаснат и со бразилски воени авиони.
Прашумите во Амазонија, познати и како „бели дробови на светот“, се едни од највредните ресурси што светот ги има во борбата против климатските промени затоа што апсорбира огромни количини на јаглерод диоксид и произведува кислород.
Кога ќе се појави шумски пожар, во атмосферата се испушта јаглерод диоксид, што го зголемува нивото на јаглерод, а научниците стравуваат дека наскоро ќе се дојде до точка кога ни Амазонија нема да може да прима и задржува доволно јаглерод, што ќе оди директно во атмосферата.
Би-Би-Си наведува дека тоа може да доведе до климатски катастрофи и да се поништат сите климатски цели поставени од многу земји.
ФОТО: ЕПА