Пукотници во Сeверна Митровица, рането момче од српска националност

Косовската полиција информира за инцидент во етнички мешаната населба Суви Дол во Северна Митровица, во кој од огнено оружје е рането 21-годишно момче од српска националност.

306

Косовската полиција информира за инцидент во етнички мешаната населба Суви Дол во Северна Митровица, во кој од огнено оружје е рането 21-годишно момче од српска националност, јавува дописникот на МИА од Приштина.

Синоќешниот инцидент, во кој е ранет Александар Ј., за косовските медиуми го потврди заменик командантот на полициската станица во северна Митровица, Бесим Хоти, кој информира дека настанот се случил нешто по 21 часот.

– Според ранетиот, од возило во движење е пукано во негов правец и како последица тој е ранет во потколеницата. Жртвата е надвор од животна опасност и се лекува во болницата во северна Митровица, изјави Хоти.

Тој додаде дека мотивите за ранувањето се уште се непознати и дека истрагата за откривање на сторителите продолжува.

Според медиумите, во 21-годишниот Александар е пукано од возило „голф 4“.

Порталот вериу.инфо објави дека ранетото момче први го згрижиле соседите Албанци, кои му пружиле прва помош до пристигнувањето на возилото на брза помош.

Медиумите на албански јазик информираат дека во Суви Дол се зголемиле тензиите меѓу локалните Срби и Албанци по натпреварот на Светското првенство во фудбал во Русија меѓу Србија и Швајцарија, за која играат неколку фудбалери со албанско етничко потекло. Вечерта по натпреварот, кој со 2:1 го доби швајцарскиот тим, со головите на двајца Албанци по потекло од Косово, група Срби нападнала млад Албанец, нанесувајќи му тешки повреди, јавија приштинските медиуми.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...