Повредени и загинати има, но нема официјална потврда за пукотниците во средно училиште во Санта Фе, Тексас. Се уште е во тек полициската акција, а според последните информации, полицијата им ги претресува ранците на учениците во училишниот двор.
Едно лице е приведено, потврдуваат од училиштето . За сега полицијата нема официјално соопштение за бројот на жртви и дали напаѓачот е ученик.
Пукањето се случило во училница, веднаш по започнувањето на наставата.Во моментов училиштето го надлетуваат хеликоптери, а специјалните полициски единици се на терен.
Според објавата на твитер, полицијата се справува со случај каде има бројни настрадани.