Рударска брана пукна денеска во југоисточниот дел на Бразил, поплавувајќи го подрачјето во близина на населбата Вила Фертеко, што предизвика страв од ширење отровен отпад и можно загадување на животната средина.
Бразилската рударска компанија „Вале СА“ соопшти дека сѐ уште нема информации за евентуални жртви или повредени, но наведе дека рударскиот отпад стигнал до населбата Вила Фертеко и до административните канцеларии на државата Минас Жераис.
Како што пренесуваат локалните медиуми, делови од градот се евакуирани и пожарникарите ги спасувале луѓето со хеликоптер и со возила.
Претседателот Жаир Болсонаро напиша на Твитер дека жали поради овој инцидент и информира дека испратил тројца министри во таа област.