ОБНОВЕНО Масакр во трговски центар во Тексас, 22 лица убиени ВИДЕО

877

Повеќе луѓе се убиени во трговскиот центар во Ел Пасо, Тексас.

– Повеќе луѓе се убиени. Осомничените се во притвор – изјавила Оливија Зепера од кабинетот на градоначалникот, која не прецизираше колку лица се уапсени.

Полицијата го евакуирала центарот и ги предупредила луѓето да стојат подалеку од местото на настанот.

Неофицијално, полицијата добила дојава дека станува збор за повеќе напаѓачи.

Ројтерс јави дека луѓето кои биле во трговскиот центар се евакуирани, а едно видео објавено на Твитер покажува кко тие со кренати раце ги напуштаат дуќаните.

Полицијата засега не соопштува повеќе информации, но неофицијално, застрелани се најмалку 18 лица, но не се знае точниот број на убиените, ниту пак тежината на повредите кај ранетите.

ОБНОВЕНО

Напаѓач на 21 годишна возраст со калашников уби најмалку 22 лица во трговски центар во градот Ел Пасо во Тексас. Медиумите јавуваат дека меѓу убиените има и четири деца. Убиецот е во притвор, а полицијата трага и по уште еден осомничен за масакрот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...