Брод кој се наоѓал на седмодневно крстарење по Карибите се поплавил поради дефект во противпожарниот систем.
Патниците ги опишале случувањата како „сцени од филмот „Титаника“, а на снимките се гледаат големи количества вода која ги полни ходниците од бродот, оти по грешка се активирал системот за гаснење пожари, пишува „Мајами хералд”.
Нема информации за повредени лица и штетата од водата допрва ќе се утврдува, а компанијата рекла дека ќе им бидат вратени парите на патниците.
фото: јутјуб