Противници на Орбан испишаа свои пораки на плакатите против Јункер

268
ФОТО: EPA / SZILARD KOSZTICSAK

Стотици постери во рамки на кампањата на унгарската Влада против претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер и милијардерот Џорџ Сорос беа преправени од група политички противници на премиерот Виктор Орбан и на нив испишаа свои пораки.

– Пристапивме на првата фаза од нашата кампања за утврдување на вистината, па нашите активисти со налепки ги прекрија лагите на постоечките постери”, рече  Марија Геренсер, портпарол на опозициското движење „Моментум“.

Плакатите на кои подбивно се смее Јункер и американскиот милијардер со унгарско потекло Сорос ги постави унгарската Влада, тврдејќи дека тие се „промигрантски табор“ и се дел од некое сценарио кое ЕУ и го подготвува на Унгарија. На нив пишува „Имате право да знаете што ви подготвува Брисел“.

Активистите од Моментум ставија свои налепки, на кои меѓу другото пишува: „Унгарците имаат право да знаат дека во училиштата недостасуваат најмалку 4.000 професори“, „..недостасуваат најмалку 400 лекари“, и дека „Виктор Орбан е најбогатиот човек во Унгарија“.

„Мислиме дека најголема опасност за Унгарците не се ни ЕУ ни Сорос, туку корупцијата, малите плати, недостигот на работници и иселувањето“, објави Моментум на Фејсбук.

ФОТО: EPA / SZILARD KOSZTICSAK

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...