Протече снимката во која Кардашијан плаче и вреска поради неверството ВИДЕО

Клои во јавноста не оддаваше впечаток дека е емотивно уништена откако врската наводно ѝ ја разори пријателката на нејзината помлада сестра Кајли Џенер.

484

Иако средната сестра во јавноста мошне сталожено се справуваше со тоа, снимката покажува поинаку.

Дека животот на сестрите Кардашијан/Џенер не е само мед и млеко каков што го прикажуваат на социјалните мрежи знаат сите оние кои будно ја следат нивното реално шоу „Во чекор со Кардашијан“.

Откако излезе официјалниот трејлер за најновите епизоди, обожавателите се грижат како се држи Клои, која дозна дека нејзиното момче, канадскиот кошаркар Тристан Томпсон, ја изневерува додека е бремена со нивното прво дете.

Иако Клои во јавноста не оддаваше впечаток дека е емотивно уништена откако врската наводно ѝ ја разори пријателката на нејзината помлада сестра Кајли Џенер, снимката покажува поинаку. Во еден од кадровите Клои хистерично вреска и плаче на телефон.

– По ѓаволите е сетоа тоа мора да биде јавно. Јас не сум само ТВ-шоу. Ова е мојот живот“ – плачејќи зборува видно потресената старлета. „Моето семејство е уништено“, продолжува потоа да вреска во автомобилот.

Во следната сцена вреска на мобилниот телефон: „Лажливке!“, а потоа нејзината најдобра пријателка Малика доаѓа да ја теши.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...