Група од околу 15 членови на грчката анархистичка група Рубикон, синоќа одржаа ненајавен протест пред еден од објектите на Министерството за надворешни работи на Грција во центарот на Атина.
Како што јави дописничката на МИА од Атина, демонстрантите фрлаа летоци, поставија пано и извикуваа слогани, на што веднаш реагираше полицијата, која ги уапси членовите на Рубикон.
Групата преку познат анархистички сајт објасни дека причина за оваа „интервенција во грчкото МНР“, е апсењето на деветмина Турци пред посетата на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган на Атина.