Приштинскиот Студентски парламент денеска ќе одржи пред Ректоратот на државниот универзитет „Хасан Приштина“ во главниот град на Косово, со барање за подобрување на условите за студентите и за зголемување на правата за претставување на нивните интереси – јави дописникот на МИА од Приштина.
– Го осудуваме секое мешање и уцените што ни се вршат преку одредени лица. Ќе ги посочиме сите тие што мислат да го дестабилизираат Студентскиот парламент, бидејќи сме решени да го браниме нашиот Универзитет секогаш кога ќе се укаже потреба и секогаш во одбрана на правата на студентите на Приштинскиот универзитет – се вели во повикот на студентската организација.
ФОТО МИА