Протест на руската опозиција на 29 февруари 

Организаторите нема да бараат дозвола од московските власти да ги одржат протестите и дека демонстрациите се поддржани од голем број опозициски групи, вклучително и Фондацијата за борба против корупцијата на Алексеј Навални.

33

Руските опозициски партии денеска најавија голем протест на 29 февруари околу предлогот на претседателот Владимир Путин за уставни измени, за кои тие веруваат дека го отвораат патот за неговото доживотно владеење.

Опозицискиот политичар Илја Јашин рече дека предлогот на Путин е потег што може да му овозможи „да владее засекогаш“.

– Тоа ќе биде политички марш со цел да се повика на ротација на власта и да протестира против узурпацијата на власта – рече Јашин.

Тој додаде дека организаторите нема да бараат дозвола од московските власти да ги одржат протестите и дека демонстрациите се поддржани од голем број опозициски групи, вклучително и Фондацијата за борба против корупцијата на Алексеј Навални.

Пред два дена, Путин рече дека се спротивставува на доживотниот мандат на претседателот, вообичаен во советската ера, велејќи дека не може да го реши прашањето за преминот на власта и стабилноста во таа земја.

Претходно минатата среда, рускиот претседател во говорот за состојбата на нацијата пред Парламентот рече дека се согласил дека претседателот не треба да има повеќе од два последователни мандата, иако тоа прашање не е од големо значење за него.

Путин предложи амандман на рускиот Устав со кој би се зголемиле овластувањата на Парламентот и Владата, што   на Западот се толкуваат како негова намера да премине на ново работно место и да остане на власт по истекот на тековниот мандат од 2024 година.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...