Центарот на Скопје утрово беше блокиран од протест на поранешни вработени во ОХИС – Скопје.
Протестот почна утрово од 8 часот пред зградата на Сојузот на синдикатите на Македонија, продолжи пред Собранието на РСМ, Министерството за правда, Министерството за труд и социјална политика и ќе заврши пред Владата на РСМ.
Како што најавија поранешните вработени, кои денеска протестираат, на протестот ќе бидат изнесени факти за големиот криминал во текот на стечајната постапка и продажбата на фабриката ОХИС.