Лекарите од Универзитетската клиника во Тирана и Регионалната болница во Скадар, денеска излегоа на протест поради зачестеното насилството врз нивните колеги.
Во болницата во Скадар,работата е прекината привремено во знак на солдарност по последнте случаи на напад врз белите мантил.
Во Тирана, на протестот на лекарите им се придружи и заменик-министерката за здравство Мира Ракацоли.
Лекарите од Унивезитетската клиника во Тирана го осудија насилството врз белите мантил,кое како што рекоа влијае врз квалитетот на услугите.
– Силно веруваме дека работната средина на лекарите треба да биде далеку од секаков вид насилство, без било какво малтретирање. Насилството прозведува насилство, депресија и директно влијае на квалитетот на вниманиото и услугите. Ако лекарите и медицинските сестри не се безбедни, ниту пацентите не се безбедни. Потребно е да ја смениме културата на однесување – порачаа учесниците на протестот во Тирана.
Тие упатија апел за обединување и заедничко делување за да се каже „стоп на насилството“и побараа да се разгледа Уставот и да се зголемат казните.
– Ова е повик до државните институции, до сите потребни механизми за да се вклучат во нашата заштита. Дојде време да се измени и Уставот за да се зголемат казните за насилство врз белите мантили. Ве молам верувајте во лекарите и медицинските сестри. Стоп на насилство против медицинскиот персонал – порачаа лекарите.
Заменик минстерката Ракацоли најави измени и дополнување на Кривичниот законик, ко ќе се однесуваат на зајакнување на мерките против насилниците врз лекарите .
– Ќе се донесат мерки за посебна заштита на белите мантили а реорганизацијата на безбедносната служба во секоја болница ќе биде дополнителна мерка. Наслството врз здравствените работнци е за секаква осуда и е неприфатливо – рече Ракацоли.
Лекарите од клиниката во Тирана протестираа и вчера.