Во рамки на 24-часовниот штрајк што утрово го започна грчката Федерацијата на професори од државните средни училишта, професорите одржа протест во центарот на Атина за да го изразат нивното несогласување со промените на законите што ги предлага Министерството за образование за новиот систем за запишување на факултетите, јави дописничката на МИА од Атина.
Професорите со слогани и паноа од пред грчкиот Парламент побараа бесплатно образование за сите, како и зголемување на средствата предвидени за образованието. Поддршка добија и од здруженија на ученици кои маршираа заедно со нив.
Поради штрајкот на професорите, денеска се затворени средните училишта во Грција.
Освен во Атина, професорите одржаа протест и во Солун.