Учесниците на протестот оценија дека овој период спаѓа во „најцрните денови на Универзитетот“, дека навистина се срамат поради тоа и најавија оти денот кога тие протестираат ќе претставува пресврт.
Протестот почна кај споменикот „Извор на животот“, а го организираше и водеше Стјепан Перко од Факултетот за политички науки во Загреб, кој рече дека чувствува срам што е предложено на „неколкупати обвинетиот Милан Бандиќ“ да му се додели каква било почесна титула, а не, пак, докторска.
Студентот Кристијан Орешковиќ наведе дека се срами што има индекс од Универзитетот во Загреб и дека „не се исплати да се работи и да се биде креативен, туку подобро е да се биде подобен и да се има свој човек“.