Протест на адвокатите во Хонгконг против законот за екстрадиција

34

Повеќе од 3.000 адвокати во Хонгконг одржаа протестен марш против предложениот закон за екстрадиција.

Според тој закон, обвинетите лица ќе може да се праќаат на судење во Кина, а последниот британски гувернер го окарактеризира како „ужасен удар“ на владеењето на правото.

Адвокатите, кои беа облечени во црно, се движеа од Врховниот апелационен суд до седиштето на локалната власт.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...