Протест во Париз поради зголемување на студентските такси за не-Европејците

86

Помеѓу 2.000 и 5.000 лица, повеќето студенти, денеска протестираа во центарот на Париз поради зголемувањето на надоместоците на француските универзитети за странци, кои доаѓаат од држави надвор од Европската унија и Европската економска област, што неодамна го најави Владата на Франција.

Демонстрантите поминаа неколку делови од градот, извикувајќи: „Макрон, оставка!”
 и „Солидарност со странците!”.

Од почетокот на 2019 година, студентите од земјите надвор од ЕУ и ЕЕО нема да плаќаат исти такси како оние кои доаѓаат од земијте членки на Унијата.

Не-Европејците ќе платат 2.770 евра за дипломски студии и по 3.770 евра за магистерски и докторски студии. За европските студенти тие давачките изнесуваат 170 евра годишно за дипломци, 243 евра за магистри и 380 евра за докторанти.

Според Владата, зголемувањето на таксите за студентите, кои доаѓаат од земјите надвор од ЕУ и ЕЕО, ќе овозможи да бидат зголемени стипендиите за другите студенти, а некои пак да бидат целосно ослободени од такси.

Протестот се одржа во исто време со протестите на среднопколците и на движењето на „жолтите елеци”.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...