Протест во Загреб против „политичката репресија“

53
FOTO MIA

Пред споменикот на поранешниот хрватски претседател, Фрањо Туѓман, во Загреб, синоќа се одржа протест против „политичката репресија“ во Хрватска.

Учесниците на протестот побараа отфрлање на обвинениејата против Филип Драче, кој неодамна нацрта срп и чекан на споменикот, нагласувајќи дека процесот против него претставува „политичка репресија, хајка и линч“.

Демонстрантите, меѓу кои беше и Драче, носеа знамиња на левичарските партии, Работнички фронт (РФ) и Социјалистичка работничка партија (СРП).

Учесниците на протестот побраа од надлежните институции, како и во случајот со Драче, да ги процесуираат и казнуваат и одговорните за уништување на спомениците и спомен-обележјата од Народно ослободителната борба во текот на Втората светска војна.

Една од учесничките на протестот, претседателската кандидатка на РФ, Катарина Пеовиќ оцени дека „репресијата на институциите во случајот на Филип Драче била претерана“, а објавувањето на неговите фотографии во јавноста го оквалификува како „политички прогон“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...