Протести сѐ додека не си замине „султанот на криминалот“, вели претседателката на ЛСИ

721
ФОТО: EPA / MALTON DIBRA

Претседателката на Социјалистичкото движење за интеграција (ЛСИ) Моника Круемади од Националната конвенција на партијата, порача дека протестите и граѓанската непослушност нема да престанат се додека не си замине „султанот на криминалот“, алудирајќи на премиерот Еди Рама.

– Ние не се враќаме назад. Повеќе не е тајна, со анкети или без анкети, ние сме мнозинство, бидејќи на една страна е еден човек со грст криминалци и олигарси и неколку печурки кои се претворени во негова фасада, а од друга страна се мнознството Албанци кои сакаат интеграција на Албанија. На ова место за среќа се оние кои одбија да бидат фасада на Еди Рама. Нашите протести и граѓанска непослушност ќе продолжат се додека не си замине „сулатанот на криминалот“. Во Албанија ќе има слободни и фер избори. Неговото време во Албанија заврши – порача Круемади.

Таа побара ангажраност на ЛСИ за да ги убеди граѓаните да се приклучат на протестите на 11 мај за да дадат конечен удар, како што рече ,на „овој криминален режим“.

– Изборната фарса што Еди Рама сака да ја направи за да ги измами и да продолжи да ги ограбува Албанците нема да ја види ни на сон, ни во неговата фантазија. Денес, како конвенција, ние сме многу јасни дека не застануваме. Со убеденост велам, бидејќи најголемиот проблем на организираниот криминал сме ние. Бидејќи ние сме оние што ја прават разликата: ние сме со Албанците и ние ќе сториме се за Албанците – рече Круемади, на конвенцијата одржана под мотото „Албанија, ваш дом“.

Претходно од градот Лежа каде беше на средба со приврзаници и граѓани, лидерот на најголемата албанска опозициска партија, Демократската, Љуљзим Баша, порача дека „народното востание“, што започна на 16 февруари, нема да запре до заминувањето на премиерот Еди Рама и формирање техничка влада што ќе организира предвремени избори.

И тој ги повика граѓаните што помасовно да се приклучат на четвртиот по ред масовен протест на обединетата опозиција закажан за 11 мај.

Од февруари, кога почнаа протестите, до сега, се одржани девет протести, од нив шест пред Парламентот, додека три „национални протести“, пред Владата и тоа на 13 февруари, 13 март и 13 април.

ФОТО: EPA / MALTON DIBRA

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...