Протести против пензионирањето на судиите во Полска

„Сакаме слободни судови“ и „Долу диктатурата“ се некои од слоганите кои ги извикувале неколкуте илјадници демонстрант.

82

Во Варшава и повеќе други полски градови вчера се одржаа протести против одлуката да бидат пензионирани безмалку половина од судиите во Врховниот суд.

„Сакаме слободни судови“ и „Долу диктатурата“ се некои од слоганите кои ги извикувале неколкуте илјадници демонстранти што се собрале пред зградата на Врховниот суд. Протести се одржале и во Гдањск, Краков, Лоџ и Вроцлав.

Претседателот Анджеј Дуда неделава најави дека ќе го испочитува законот, со кој претседателот на Врховниот суд и низа судии ќе бидат пензионирани. Опозицијата обвинува дека со тоа власта ќе именува судии блиски на неа во Врховниот суд.

Европската унија покрена процедура против Полска, поради кршење на владеењето на правото. Доколку процедурата биде спроведена до крај, Полска може да го загуби своето право на глас во ЕУ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...