Протести против Брегзит, повици за нов референдум

Според планот, Велика Британија треба да ја напушти ЕУ на 29 март 2019 година, но преговорите меѓу двете страни се проследени со многу несогласувања.

244

Противниците на Брегзит денеска протестираат во центарот на Лондон, повикувајќи на нов референдум за повлекувањето на Велика Британија од Европската унија.

Околу 150 автобуси донесоа илјадници демонстранти од сите делови на земјата до британскиот главен град.

По протестниот марш, демонстрантите се упатија на собир пред Парламентот.

Андре Адонис, лабуристички член на Домот на лордови оцени дека „овонеделниот хаос и конфузија во врска со преговорите за Брегзит покажаа дека дури и најдобриот сега достапен договор ќе биде лош за Велика Британија“.

– Гласачите никогаш нема да простат или заборават ако пратениците дозволат овој беден Брегзит да се случи, а да не се овозможи народот да го има последниот збор, истакна Адонис.

Според планот, Велика Британија треба да ја напушти ЕУ на 29 март 2019 година, но преговорите меѓу двете страни се проследени со многу несогласувања.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...