Протести на Палестинците во Ерусалим

52

Илјадници Палестинци денеска ја пробија безбедносната барикада околу Ридот на Храмот во Ерусалим, што израелските власти ја поставија пред повеќе од десет години.

– Палестинците, кои извикуваа „Алах Акбар“, влетаа на платото на кое се наоѓа џамијата Ал Акса, а потоа мирно се разотидоа, соопшти израелската полиција.

Предвидувајќи ги немирите, полицијата во текот на ноќта уапси 60 Палестинци осомничени за „предизвикување немири“.

Израелската полиција ја обвини исламската верска управа на џамијата, дека се обидува да ја смени статусот кво на оава локација, која е свето место и за евретите и за муслиманите.

Израел го затвори тој дел во 2003 година, бидејќи седиште на организација, која наводно е поврзана со ектремистичка исламска група.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...