Протести на земјоделци во Грција

349

Од Северна Грција до Крит, грчките земјоделци од целата земја ги загреваат тракторите и се подготвуваат за протести и блокади во повеќе делови на земјата, а дел од активностите започнаа од утрово, јави дописничката на МИА од Атина.

Земјоделците од градовите Иматија, Верија и Серес од денеска се на патиштата што водат кон Солун, меѓутоа без да го попречуваат сообраќајот. Веројатно е дека оние од Серес, откако ќе одржат состанок ќе се упатат кон граничниот премин со Бугарија, а нивните колеги од општина Костур со протести ќе започнат на 4 февруари.

За вечерва закажан е состанок на Координативниот комитет на Централна Македонија за да се одредат следните чекори на земјоделците од околината на Солун.

На полуостровот Пелопонез, протестите започнаа вчера на автопатот кон градот Патра, додека пак за денесле се закажани неколку собири на островот Крит.

Грчките земјоделци бараат намалување на трошоците за производство и зголемување на земјоделските приходи.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...