Протести во Германија против ксенофобијата и крајната десница

110

Демонстранти од цела Германија протестираа денеска во Берлин против ксенофобијата и крајната десница.

Организаторите, групи активисти за заштита на човековите права обединети под името „Независни“, соопштија дека на протестот имало повеќе од 150.000 демонстранти.

Демонстрантите носеа транспаренти со написи „Градиме мостови, не ѕидови“, „Обединети против расизмот“ и „Ние сме неделливи – за отворено и слободно општество“, а некои играа на поп музика.

Германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас смета дека протестот за отворено и слободно општество во Берлин е важен сигнал за единство.

– Ние нема да дозволиме да се разделиме, особено од десничарските популисти- изјави Мас за весниците од медиумската група „Функе“.

Тој рече дека мнозинството Германци ја поддржуваат толеранцијата и отвореноста кон светот и додаде дека новиот национализам нема да реши ниту еден проблем.

– Разновидноста на културното наследство, бојата на кожата, религијата го збогатуваат секојдневниот живот, а не нѐ загрозуваат- рече Мас.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...