Илјадници демонстранти денеска протестираа во главниот град на Аргентина, Буенос Аирес поради економските мерки на Групата 20 најразвиени земји.
Припадници на полицијата и на граничната патрола беа распоредени на подрачјето од 12 километри квадратни околу центарот Коста Салгуеро, каде се одржува Самитот на Г-20.
Протестниот марш, организиран од Здружението на работнички синдикати се одржува на околу пет километри од местото каде се одржува Самитот.
Аргентинската Влада ги советуваше жителите на Буенос Аирес да го напуштат градот додека трае Самитот на Г-20.
Аргентинската министерка за безбедност Партиша Булрих изјави дека во земјата не влегле насилни групи кои би учествувале на протестот. Таа истакна дека протестот го обезбедуваат 2.500 полицајци.