Протести во Атина: Американци – убијци!

211

Група приврзаници на Комунистичката партија на Грција се обидоа да ја урнат статуата на поранешниот американски претседател Хари Труман на протестите во центарот на Атина против американската воена интервенција во Сирија.

Демонстрантите се судрија со полицијата која употреби солзавец за да ги растера, објави „Ројтерс“, повикувајќи се на изјави на очевидци.

Најмалку тројца демонстранти се повредени, а според новинската агенција АНА, најмалку две лица се приведени. Судирите избија кај статуата на Хари Труман.

Во протестите учествувале студенти и ученици кои марширале кон американската амбасада во Атина.

Во главниот град на Грција веќе трет ден се организираат протести против воената интервенција на САД во Сирија, на кои учествуваат по 6.000-7.000 луѓе и на кои беше запалено и американското знаме.

Протестите ги организира грчката Комунистичка партија.

Демонстрантите е собраа на централниот плоштад Синтагма во Атина од каде продолжија кон американската амбасада, извикувајќи пароли против САД.

На улицата пред амбасадата со црвена боја испишаа „Американци-убијци на луѓе“, а потоа неуспешно се обидуваа да фрлат боја во дворот на амбасадата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...