Русија го прогласи за персона нон грата военото аташе од Амбасадата на Словачка во Москва и му даде рок од два дена да ја напушти државата, соопшти руското Министерство за надворешни работи.
Мерката е преземена како одговор на одлуката на Словачка од 22 ноември да протера руски дипломат, што Москва го оцени како непријателски чин.
Словачка соопшти на почетокот на декември дека протерала руски дипломат откако добила информација од военото разузнавање, дека тој се занимавал со шпионажа во државата, која е членка на НАТО и ЕУ.
Портпаролката на руското МНР, Марија Захарова изјави дека соодветната нота за словачкиот дипломат му била предадена на словачкиот амбасадор во Москва на 11 декември.