Просечната цена на струјата изнесувала 4,77 денари во првата половина од годината

Просечната цена на електричната енергија без данокот на додадена вредност за крајните потрошувачи, освен домаќинствата, се движи од 3,35 до 7,60 денари по киловатчас по групи потрошувачи.

169

Во првата половина од годината просечната малопродажна цена на електричната енергија за домаќинствата изнесувала 4,773 денари за киловатчас и бележи пад од четири отсто во споредба со втората половина од 2017 година, објави Државниот завод за статистика.

Просечната цена на електричната енергија без данокот на додадена вредност за крајните потрошувачи, освен домаќинствата, се движи од 3,35 до 7,60 денари по киловатчас по групи потрошувачи.

Просечната цена на природниот гас без данокот на додадена врeдност за крајните потрошувачи, освен домаќинствата, се движи од 16,269 до 20,616 денари по нормален метар кубен ( nm3) по групи потрошувачи.

Просечната малопродажна цена на природниот гас за домаќинствата изнесувала 33,247 денари по nm3.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...