Просечната плата порасна за 4,3 отсто и достигна износ од 25.104 денари

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во јули 2019 година, изнесува 37.268 денари.

107

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во јули 2019 година, изнесува 25.104 денари и според објавените податоци на Државниот завод за статистика бележи раст од 4,3 отсто во однос на јули лани.

Зголемувањето се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во дејностите на здравствена и социјална заштита за 10,6 отсто, објекти за сместување и сервисни дејности со храна за 9,8 отсто и транспорт и складирање за 7,4 отсто.

Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во дејностите во врска со недвижен имот за 2,1 отсто, јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување за 1,9 отсто и дејности на здравствена и социјална заштита за 1,9 отсто.

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во јули 2019 година, изнесува 37.268 денари.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...