Просечната плата во септември 25.435 денари

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во септември 2019 година, изнесува 37.797 денари.

90

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во септември 2019 година, изнесува 25.435 денари што е раст од 4,4 отсто во однос на септември лани, објави Државниот завод за статистика.

Зголемувањето  се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: „транспорт и складирање“ за 8,8 отсто, „административни и помошни услужни дејности“ за 7,9 отсто и „дејности на здравствена и социјална заштита“ за 7,3 отсто.

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите „јавна управа и одбрана“, „задолжително социјално осигурување“ за пет отсто, „образование“ три отсто и „преработувачка индустрија“ за 1,9 отсто.

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во септември 2019 година, изнесува 37.797 денари.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...