Просечната нето плата достигна 24.192 денари

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во февруари 2019 година изнесува 35.901 денар.

286

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во февруари 2019 година, изнесува 24.192 денари и бележи раст од 4,5 отсто во однос на февруари лани, објави Државниот завод за статистика.

Според статистика, зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите „дејности на здравствена и социјална заштита“ изнесува 11,6 отсто, во „транспорт и складирање“ 10 отсто и „земјоделство, шумарство и рибарство“  8,5 отсто.

Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите „рударство и вадење на камен“ за 10,3 отсто, „снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација“ за 10 отсто и „транспорт и складирање“ за шест отсто.

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во февруари 2019 година изнесува 35.901 денар.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...