Просечната нето плата во декември 25.784 денари

89

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во декември лани  изнесувала 25.784 денари и во однос на декември 2017. е зголемена за 8,1 отсто, објави денеска Државниот завод за статистика. 

Зголемувањето се должи, пред сè, на повисоката просечна месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Информации и комуникации (28 отсто), Уметност, забава и рекреација (24,3 отсто) и Рударство и вадење на камен (20,9 отсто).

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во декември во однос на ноември лани е зголемена  во секторите: уметност, забава и рекреација (22,1  отсто), информации и комуникации (22,1 отсто) и трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (12,3 отсто).

Бруто-платата по вработен во декември лани изнесувала 37.704 денари.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...